Русија порача дека нема да има нов договор „Отворено небо“ ако САД се повлечат

Русија не гледа можности за нов договор доколку Соединетите држави се повлечат од Договорот за отворено небо, кој овозможува инспекциски надлетувања над териториите на друг земји поради проверка на воени раздвижувања и распоредувањето на вооружувањето., соопшти во саботата земеникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Не постоја можности за нов договор кој би требало да го замени постојниот. Ние, исто така, немаме потреба до такви можности“, изјави Рјабков за државната телевизија во саботата.

Со тоа рускиот дипломат алудираше на изјави на американски функционери претходно седмицава дека снимкиите коишто ги добиваат САД во текот на летовите според договорот може да се добијат побрзо и со многу пониска цена од американските или од комерцијалните сателити.

„Постојниот договор совршено функционира и ја гарантира европската безбеднот“, додаде Рјабков. Нагласи дека дури и доколку Русија ги прифати сите американски барања, не очекува дека САД ќе се придржуваат до договорот.

САД во четвртокот потврдија дека се подготвуваат за повлекување од Договорот за отворено небо, поради наводните руски нарушувања на неговите одредби, што предизвика нова загриженост на меѓународната заедница. Другите членки на НАТО, од кои речиси сите се потписнички на овој договор, истакнаа дека жалат поради одлуката на Вашингтон, но во петокот на итниот состанок на Северноатлантскиот совет, кој го сочинуваат амбасадорите на државите членки на НАТО, застанаа зад обвинувањата на американската страна, кои Русија ги отфрла и дава свои обвинувања.

Договорот Отворено небо е склучен во 1992 а стапи на сила во 2002 година. Го потпишаа 35 земји и тој овозможува изведување набљудувачки летови над териториите на земјите потписнички. Договорот придонесува за транспарентноста која би пребало да ја јакне довербата меѓу земјите потписнички во соработката во безбедносните прашања. Од неговото стапување на сила изведени се повеќе од 1.500 набљудувачки летови. Потпоснички на договорот се речиси сите членки на НАТО, и уште неколку земји надвор од Алијансата, меѓу кои се и Русија, Украина, Грузија.