Русија поради излевање го прекина транзитот на казахстанската нафта во Европа

Руски суд во срепдара нареди поради излевање на нафта и загадување на животната средина 30-дневна суспензија на активноста на нафтениот терминал Касписки гасоводен конзорциум (CPC) во Новоросиск, само неколку дена откако претседателот Касим-Жомарт Токаев му кажа на претседателот на Советот Шарл Мишел дека неговата земја е подготвена да испрати дополнителни количества нафта во Европска унија.

Конзорциумот, кој поседува околу 1,0 отсто од глобалната нафта и чии членови се американските компании „Shevron“ и „Exon“, објави дека одлуката на судот да ги суспендира нивните операции се должи на прашања поврзани со проблемот со излевањето на нафта и дека CPC мора да ја почитува пресудата. Тие одбиле за Reuters да коментираат повеќе за нивните активности и операции.

Според еден извештај во кој Reuters имал увид, товарењето на нафтата од терминалот на CPC продолжило и вчера попладне, односно на 5-ти јули, но не е сигурно дали тие активности ќе продолжат во средата.

Со ваквата одлука Русија го запре транзитот на нафта од Казахстан во Европа. Главниот извозен пат за нафтата на Казахстан сочинува повеќе од 80 отсто од волуменот што се испумпува преку цевководот (67 милиони тони нафта годишно).

Казахстан има големи резерви на нафта, но е без излез на море, освен на Каспиското Море. Нафтата се извезува од Казахстан преку терминалот на Црното Море. Русија и Казахстан неодамна имаа несогласувања околу војната во Украина. Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев одби да ја признае Народна Република Донбас.

Неодамна, Токаев му рече на Европскиот совет дека Казахстан со задоволство ќе ѝ помогне на ЕУ да го стабилизира својот енергетски пазар со обезбедување повеќе нафта и гас.