Русија потврди над 10.000 коронаинфекции на ден, првпат од средината на мај

Русија во неделата објави дека изминатите 24 часа потврдила 10.499 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, што е најголем дневен број на инфекциите од 15-ти мај кога беше одново прогласена епидемијата а владата воведе мерки за ограничување на движењето.

Вкупниот број на заразените лице во земјата од февруари достигна 1.215.001, соопшти оперативниот штаб за борба против ширењето на новата инфекција, според кој дневниот раст изнесува 0,9 отсто од тестираните.

Покрај тоа, во главниот град Москва бројот на заразените во последното деноноќие се зголемил за 3.327, и тоа е првпат дневниот број коронаинфекции да надминте 3.000 е првпат по 23-ти мај.

Бројот на смртните случаи предизвикани од компликации од коронавирусот во Русија се зголемил за 107 лица. Вкупно од почетокот на епидемијата во земјата 21.358 пациенти, односно дека смртноста изнесува 1,76 отсто од вкупно заразените, според здравствените власти. Повторно најголем број починати има во најголемите градови Москва со 29 и Санкт Петербург – 25, додека во останатите региони и области бројот смртни исходи е едноцифрен.