Русија на 6 мај повикува на неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на терен во Украина, објави Сергеј Леонидченко, висок советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации.
„Ако сакате да ја знаете вистината за вистинската состојба на теренот, вие сте добредојдени на нашата средба со „Ариа формула“ на 6 мај“, рече Леонидихенко, пренесува Тас.
Тој најави дека на тој состанок ќе зборуваат „независни говорници од првата фронт линија“, кои, како што изјави, ќе објават факти, а не лажни информации “.
Рускиот дипломат го изјави ова на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации по „Арија Формула“, (на која не е задолжително присуството на сите членки), кој го свикаа Франција и Мексико.