Русија повтори дека нема да продава нафта под ограничувањата наметнати од Западот

Русија нема да извезува нафта која подлежи на ограничувањето на нејзината цена коешто го наметнуваат Европската унија и зејите од групата Г7 на кои им се приклучи и Австралија, дури и доколку поради тоа ќе мора да го намали производството, повтори во неделата Александр Новак, вицепремиер на руската влада задолжен за енергетика.

Русија нема да се мисли ниту да го намали производството на нафта, но нема да го продава енергенсот по други услови освен пазарните, истакна Новак.

„Ќе продаваме нафта и нафтени деривати на оние земји кои ќе работат со нас по пазарни услови, дури и ако треба донекаде да го намалиме производството. Работиме на механизмите за забрана на користењето на инструменти за ограничување на цената, без оглед на нивото коешто е поставено, бидејќи таквото мешање би можело дополнително да го дестабилизира пазарот“, рече Новак за телевизискиот канал Россия 24.

Русија нема да работи под ограничување на цената, дури и доколку Москва биде присилена да го намали производството, инсистираше рускиот вицепремиер.

Ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари за бараел, идеја којашто ја дадоа САД на септемврискиот самит на Г7 во кој уште се и Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија, има цел да ги намали руските приходи од продажбата на енергенсот, а истовремено да спречи скок на цените на глобалниот пазар на нафта пред ембаргото на Европската унија на увозот на руската сирова нафта да стапи на сила на 5-ти декември.

Механизмот го предвидува плафонот од 60 долари за барел за руската нафта којашто им се продава на трети земји. Но плафонот не важи за западните компании кои по истоварувањето на руската нафта по оваа лимитирана цена ќе биде преземена од нив и преработена. Доколку нафтата е продадена над цената од 60 долари, ЕУ ќе ја активира забраната за давање одредени услуги за руските испораки на нафта, вклучително осигурувањето на пловидбата и товарот, финансирањата на секторот и техничка помош.

Руското производство на нафта, поради оваа одлука на Западот, на почетокот од идната година може да падне за 500 милиони барели нафта дневно, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на дава извора од руската нафтена индустрија.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во саботата изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари „не е сериозно и тешко дека ќе ја одврати“ Русија од војната во Украина. Зеленски се жалеше дека светото „покажал слабост“ со поставувањето на ограничувањето на 60 долари, и според него ќе го зголеми рускиот буџет за 100 милијарди долари годишно.

„Тие пари ќе одат кон дестабилизирање токму на оние земји кои во моментов настојуваат да го избегнат сериозните одлуки“, рече Зеленски.

Шефот на неговиот кабинет Андриј Ермак, претходно изјави дека ограничувањето на руската нафта треба да се постави на нивото од 30 долари за барел, како што на состанокот на ЕУ бара Полска и балтичките земји, „за што побрзо да биде уништена економијата на непријателот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.