Русија предлага автопат од Европа до Америка

555

Русите имаат нов план за огромен пат. Новиот автопат наречен Суперавтопат може потенцијално да ја опколи целата планета, што би значело дека можете да одите насекаде со автомобил.

Ова можеби ќе го промени начинот на досегашното патување.Тоа би значело дека жителите на Америка би можеле да патуваат во Азија со автомобил. Не можете да го замислите обемот на овој проект.

Трасата би поминувала низ цела Русија, користејќи ги веќе постојните патишта и автопати со мали измени.

Како што можете да видите, патот ќе треба да помине преку Беринговиот теснец за да ги поврзе Русија и Алјаска, и ќе ги поврзува не само луѓето и земјите, туку и континентите.

Тоа ќе биде голем проект со многу мостови и тунели што ќе им овозможи на сите да патуваат каде и да посакаат.

Ќе чини трилиони долари, но ќе им помогне на малите заедници да растат и да се развиваат. Неколку нови градови би можеле да се изградат на патот.

Русија не може сама да ја заврши работата. Невозможно е Русија да биде единствениот градежник. Руската научна академија прва го најави овој проект, но не е познато колку години е стара оваа идеја.

Претседател на Руската железница Владимир Јакунин

Човекот што го предложи планот е претседателот на Руската железница Владимир Јакунин, а Научната академија дала потврден одговор.

Меѓународниот автопат ќе опфати 80% од планетата. А ќе поврзе три континенти.

Автопатот ќе биде долг 20 116 км и ќе започне во Лондон, а ќе заврши во Њујорк. Ќе бидат потребни 13 дена од точката А до точката Б.

Се поставува прашање кој ќе го финансира проектот? Се предлага секоја земја да изгради дел од патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.