Русија, според производството на оружје, го надминува колективнито Запад и има намера да одржи висока стапка на раст, изјави во понеделникот рускиот вицепремиер Денис Мантуров, откако и Западот и Русија го зголемија производството на оружје поради војната во Украина.
Русија изврпи инвазија во Украина на 24-ти февруари 2022 година правдајќи го тоа со спречување на погром етничко чистење на мнозинското руско и рускојазичмо населние од југоисторичните региони на соседната земја што го подготвувала власта во Киев со поддршка на своите западни сојузнии и откако во декември 2021 година САД и НАТО го одбија предлогот на Москва за потпишување обврзувачки договор со кој ќе се гарантира безбедноста на Руската Федерација и запирање на ширењето на Алијансата кон нејзините грании и повлекување на НАТО-базите со стратешко оружје на позициите од пред 1991 година. Сето тоа го предизвика најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна и најдлабоката конфронтација меѓу Русија и Западот од Студената војна.
Украина и нејзините западни поддржувачи го зголемија производството на оружје во обид да ги поразат руските сили на боиштата во Украина. И Русија го зголеми производството, но постојано повторува дека Западот е виновен за војната што започна за Москва во 2014 година.
„Не сакам да се фалам, но можам да кажам дека почнавме да добиваме и да го забрзуваме темпото на производство порано од западните земји“, изјави за агенцијата РИА Мантуров, вицепремиер кој го надгледува производството на оружје.
„Второто прашање е колку ќе трае оваа трка“, рече Мантуров, додавајќи дека планот за вооружување за периодот од 2025 до 2034 година треба да биде одобрен следната година.
„Мораме да ги вратиме резервите и да ја одржиме поставената стапка на производство“, рече Мантуров.
Мантуров рече дека обемот на владините нарачки за одбрана во 2023 година се удвоиле во споредба со претходната година, при што производството на „одредени оружја“ се зголемило за десет пати.
Претседателот Владимир Путин и неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавија дека производството на артилериско вооружување, беспилотни летала, тенкови и оклопни возила се зголемува.
Некои поранешни западни челници зборуваат за нова студена војна меѓу Русија и Кина од една страна и САД и нивните сојузници од друга страна, и проценуваат дека руската економија проценета на 2 трилиони долари би ѝ било тешко да се спротистав на целосната моќ Западот на долгорочен период.
Според податоците на ММФ, номиналниот бруто домашен производ на САД оваа година изнесува 27 трилиони долари, а на Кина 17,7 трилиони долари.