Русија предупредува дека САД подготвуваат кампања против вакцината „Спутник V“

Соединетите држави и нивните сојузници планираат голема информативна кампања против руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, изјавил за новинската агенција РИА извор од Кремљ кој се повикува на сознанија на руските разузнавачки служби.

Според соговорникот на агенцијата, Вашингтон има намера „преку контролираните невладини организации, како што се Агенцијата на САД за меѓународен развој, Фондацијата Џорџ Сорос и Фондацијата Томпсон Ројтерс, како и медиумските структури BBC, Reuters и Internews, да создава предрасуди во врска со руските научни постигнувања, особено во областа на медицината и развојот на вакцината против коронавирусот“.

„Истовремено Соединетите држави и нивните сојузници планираат да шират ткн ‘разобличувачки материјали’ за некомпетентност на руските експерти во областа на вакцинацијата и имунологијата“, додал неименуваат извор.

Осмислувачите на информативниот напад имаат намера да ги „поддржат  промовираните тези“ за неефикасноста и опасноста од вакцината „со исценирање масовни смртни исходи наводно како резултат од употребата на вакцината“, додале од Кремљ.

Во првиот момент цел на оваа антируска кампања ќе бидат европските земји каде што „Спутник V“ е регистрирана или се разгледува одобрува за итна употреба, како што се Македонија, Унгарија, Словачка, Србија, Црна Гора и Сан Марино, тврди изворот.

„На Западот одобрувањето на нашата вакцина од страна на овие земји веќе предизвика наплив на антируската пропаганда. Особено холандски медиуми ја претставуваат Спутник V не како медицински препарат против Covid-19 туку како ‘лост на Кремљ за раскол во Европската унија“ и „алатка за пропаганда на Москва“. Како пример е наведена Унгарија, којашто ‘потклекнала на замката на Русија’ и без согласност со Брисел започна со вакцинација со нашата вакцина“, рекол високопозиционираниот функционер во Кремљ.

Ваквите податоци до кои дошле руските разузнавачки агенции ги потврдил за агенцијата ТАСС уште еден извор од Кремљ, според кој причина за почнување на големата кампања од САД е зголемениот интерес на владите во светот за набавка на „Спутник V“ и целта е истовремено да се диксредитираат руските научни достигнувања во справувањето со пандемијата со коронавирусот.

Истакнал дека една од целите на планираната пропаганда антикампања против „Спутник V“ е да се промовира вакцината на американскиот производител „Pfizer“, која инаку е далеку поскапа и бара поголема и поскапа инфраструктура на скалдирање и дистрибуција отколку руската вакцина. Според изворот на РИА, на овој начин САД сакаат не само да се направи обид да се ослобид „Pfizer“ „не само од исплата на евентуални отштети за граѓањето по тужби во случај на несакани ефекти, туку и од одговорноста за небрежбост на директниот производител, вклучително и фабрички недостатоци и кршења на условите за складирање“.

Како што истакнале од Кремљ, според истражувањето на британската организација Bureau of Investigating Journalism, Аргентина особено се согласила со овие услови, но потоа САД поставиле нови барања „да им се дадат суверени гаранции за покривање на патните трошоци со обезбедување државни средства како залог, вклучително и резерви на централната банка, згради на аргентинските дипломатски мисии, па дури и воени бази“. Како што се навудува во извештајот, потоа во Буенос Аирес одбиле да го потпишат договорт, оценувајќи дека станува збор за „уцена на високо ниво“.