Русија предупредува дека Украина планира да разнесува згради и да ја обвини руската војска

Рускиот Меѓуресорски штаб за координација за хуманитарен одговор ја обвини во неделата Украина дека повторно планира да исценира разнесување на станбени згради во источниот град Краматорск, во рамките на нејзините „операции под лажно знаме“ за кои ја обвинува Москва за наводни воени злосторства и цивилни жртви.

Како што се прецизира, станува збор за планирана саботажа во болница, како и за нарколошки и онколошки амбуланти, за да ја обвини Русија.

„За таа цел, киевскиот режим планира во градот Краматорск да предизвика контролирана експлозија на локалните нарколошки и онколошки диспанзери (ул. Алексеј Тихој, 31), како и првата градска болница (ул. Алексеј Тихој, 17) со цел да се обвини Русија за наводен ‘намерен напад врз цивилни објекти’“, соопшти споменатиот штаб.

Се истакнува дека припадниците на украинското разузнавање СБУ кое Москва за слични дејствија го обвинуваше и претходно, според востановената шема во градот довеле новинари на западните медиуми за да бидат сведоци на наводните „воени злосторства“ од руската војска. Истовремено, се додава во соопштението на рускиот штаб, најголем дел од медицинскиот персонал од споменатите болници е информиран да остане дома до дополнително известување.

Целта на оваа операција на украинските тајни служби и власта во Киев, како што велат во Москва, е да се забрза испораката на офанзивните оружја ветени од Западот. Имено, украинските функционери и претседателот Володомир Зеленски бараат итно испорачување на оружје да се запре напредувањето на руската војска во Донбас.

„Бомбардирањето на медицинските установи ќе биде претставено како уште едно ‘ѕверство’ на руските единици што ќе бара одговор од западот и забрзување на испораките со долг дострел на Киев а удари врз руска територија“, соопшти руското министерство за одбрана.