Украинските радикали под контрола на американските разузнавачки служби подготвиле неколку сценарија за користње отровни хемикалии за провокација и обвинување на Русија, предупреди во петокот руското министерство за надворешни работи, а американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Москва „скапоќе плати“ ако употреби хемиско оружје во Украина, велејќи исто така дека сака да избегне директна конфронтација на НАТО и Русија бидејќи тоа би предизвикало Трета светска војна.
„Украинските радикални групации под контрола на претставници на американските разузнавачки служби, подготвија неколку можни сценарија за употреба на тоскични хемикалии за извршување разни видови провокации. Целта на таквите акции е да се обвини Русија за употреба на хемиско оружје против цивилно население и прекршување на своите обврски, вклучително и оние од Конвенцијата за хемиско оружје (CWC)“, се вели во објавата на руската дипломатија.
Според созјанијата на Москва, една од подготвените варијанти е саботажа во едно од украинските хемиски претпријатија со минирање големи контејнери со индустриски хемикалии.
„Планирано е да се минираат резервоари со амонијак во објектите на приватно акционерко друштво Северодонецка групација Азот (во градот Северодонецк) и јавното акционерско друштво Одеско пристанишно претпријатие (во Одеса)“, се објаснува во текстот на рускот министерство за надворешни работи.
„Друго сценарио е експлозија на контејнери со токсични хемикали во густо населени области. Конкретно, со сугурност е утврдено дека на 8-ми и 9-ти декември 2021 година, украинските радикали испорачале метални буриња од по 200 литри со странски ознаки на територијата на Донецката област. При нивното истоварување четворица украински војници добија сериозни хемиски изгореници и труење. Целата координација на испораката и складирањето на опасните материи ја извршиле припадници на американската приватна воена компанија Forward Observation Group“ со седиште во сојузната држава Невада, се истакнува во предупредувањето од Москва.
И покрај предупредувањата од Русија, украинската страна не се откажала од „ваквите терористички активности“, се констатира во објавата. Конкретно се посочува дека ноќта на 9-ти март радикалите донеле 80 тони амонијак во населбата Золочив и сега „го инструираат цивилното население како да се однесува во зоната на хемиска контаминација“.
„Ги информираме државите членки на Конвенцијата дека таквите подготовки јасно укажуваат на спремност за употреба отровни хемикалии. Со оглед на пропагандната капања започната во западните земји, нема сомнежи дека планираните провокации имаат цел да ја обвинат Русија за употреба на хемикалии. Во тој поглед постојат зголемени ризици дека екстремистички настроените елементи кои дејстуваат во составот на ткн национални баталјони може да одлучат да преземат радикални чекори, чии ужасни последици не можатда се предвидат“, предупредува руското министерство за надворешни работи во документот доставен во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) и до Советот за безбедност при ОН.
Бајден ја предупредува Русија за употреба на хемиско оружје
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди во петокот во говорот во Белата куќа дека Русија „скапо ќе плати доколку употреби хемиско оружје“ во Украина.
Бајден одби да даде информаци коишто наводно ги имаат американските разузнавачки агенции во врска со тоа прашање.
Западот во петокот ненадејно искажа „загриженост“ дека Русија наводно би можела да користи хемиско оружје во Украина. Тоа следеше откако Москва презентираше документи и ги обвини Вашингтон и Киев во Украина имале развоена мрежа од 30-ина биолоаборатории во кои развивале биолошко оружје, а што двете земји го отфрлија но останаа забележани контрадикторните изјави на американските функционери по ова прашање.
Обединетите нации во петокот објавија дека не знаат за постоење на каква и да програма за развој на биолошко оружје во Украина, изјави висок претставник на ОН за разоружување пред Советот за безбедност, што самото посебе не значи и исклучување на постоењето на таквите објекти.
Американците вообичаено ја обвинуваат Русија дека „шири лаги за да ги обвини другите за она што самата има намера да го стори“.
Бајден во петокот рече дека САД веќе ѝ упатиле на Украина ново противтенковско вооружување и одбранбени системи способни да уништат авиони и хеликоптери.
Но истакна дека „директниот судир меѓу НАТО и Русија би бил Трета светска војна и тоа е нешто што мораме да го избегнеме по секоја цена“. „Нема да водиме војна против Русија во Украина“, истакна Бајден додавајќи дека „војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина никогаш нема да биде победоносна“.