Русија призна дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала

– Русија за првпат соопшти дека ИД го координирала нападот во март во концертна сала во Москва, најсмртоносниот терористички напад во земјата во изминатите две децении. „Во текот на истрагата. . .

беше утврдено дека подготовките, финансирањето, нападот и повлекувањето на терористите биле координирани преку интернет од страна на припадници на ИД – Хорасан“, активен огранок на ИД во Авганистан и Пакистан, изјави Александар Бортников, шеф на ФСБ.

ИД во неколку наврати ја презеде одговорноста за нападот на 22 март во кој загинаа над 140 луѓе, но Москва постојано се обидуваше да ги поврзе Украина и Западот со нападот.

Бортников не го отфрли украинскиот агол во своите изјави денескла велејќи дека „по завршувањето на нападот, терористите добиле јасни инструкции да се движат кон украинската граница, каде од другата страна им бил подготвен „прозорец“.

Украина постојано негираше вмешаност. Вооружени лица упаднаа во концертната сала Крокус во предградието на Москва пред да ја запалат зградата.

Уапсени се повеќе од десетина осомничени, вклучително и четворицата напаѓачи, кои сите се од централноазиската држава Таџикистан.