Цената на нафтата на светскиот пазар во втората половина на 2020 година ќе се движи од 45-50 долари за барел.
Тоа е прогноза на заменик министерот за енергетика на Русија, Павел Сорокин.
Во исто време, според неговите зборови, прогнозираните цени во 2021 година ќе изнесуваат 45-55 долари за барел, “ако не настапат некои вонредни околности”.
Тој додаде дека ова е поволен распон на цените, кој овозможува инвестирање во проекти и обезбедување на дополнително производство.
„Пазарот е цикличен, ќе има и понизок пад и поголем раст, меѓутоа какви ќе бидат последиците од ова ќе зависи од брзината на реакција на производителот“, додаде тој.
Според зборовите на Сорокин, во руското Министерство за енергетика се моделирани сите можни сценарија на развој на настаните, вклучително оној кој на крајот и се оствари, а кој се однесува на падот на цената на нафтата до 40 долари и пониско.
Во исто време, Сорокин не исклучи и нулта глобален раст на побарувачката за суровината во 2020 година поради ширење на коронавирусните инфекции, додека порано експертите прогнозираа дека побарувачката ќе биде на ниво од еден милион барели дневно.