Русија распореди хеликоптери во северниот дел на Сирија

Русија распореди воени хеликоптери за патролирање во подрачјето во близина на границата со Турција со цел да им помогнат во заштитата на руската воена полиција.

– Москва своите хеликоптери ќе ги распореди долж неколку патролни рути на висина од 50 до 60 метри. Летови ќе се извршуваат секојдневно долж сите патролни рути, изјави воениот пилот Дмитриј Иванов.

Турски и руски сили заедно патролираат во североисточниот дел на Сирија и го набљудуваат договорот што го постигнаа Москва и Анкара откако Анкара на 9 октомври покрена офанзива во областа против курдските сили, за кои смета дека се закана по нејзината безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.