Русија: Распоредувањето нуклеарно оружје во Европа ќе го намали „нуклеарниот праг“

Забрзаното распоредување на модернизираното тактичко нуклеарно оружје на САД во базите на НАТО во Европа ќе го намали „нуклеарниот праг“ и Русија ќе го има предвид тој потег при развивањето на сопствените воени планови, предупреди во саботата заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александр Грушко.

Руската воена интервенција во Украина ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога двете суперсили од периодот на идеолошката блоковска Студена војна најмногу се приближија до нуклеарната војна.

„Не можеме а да не ги имаме предвид плановите за модернизација на нуклеарното оружје во Европа, на оние бомби со слободен пад. САД ги модернизираат, ја зголемуваат нивната прецизност и ја намалуваат моќноста на нуклеарното полнење односно го претвораат ова оружје во оружје на боиштето, со што се намалува нуклеарниот праг“, вели Грушко, пренесе агенцијата РИА.

Според западните процени, Русија поседува околу 2.000 парчиња тактичко нуклеарно оружје во функција, додека САД имаат околу 200, од кои половината се распоредени во базите во Италија, Германија, Турција, Белгија и Холандија.

Американскиот весник Politico објави дека САД на состанокот на НАТО зад затворени врати информирале дека ќе го распоредувањето на модернизираната верзија на бомбата B61 – B61-12 на која се работело последните години и чинела околу 10 милијарди долари, и дека новото нуклеарно оружје ќе биде распоредени во базите во Европа во декември, неколку месеци пред планираното.

Бомбата B61-12 е долга 3,6 метри, содржи послано нуклеарно полнење, но е попрецизно и може да продре под земја, според истражувањето на Федерацијата на американските научници.

Претходно американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека Вашингтон е посветен на целосна модернизација на сите три компоненти од сопствената ткн „нуклеарна тријада“,

Грушко, исто така, порача дека Русија ја зема предвид и забрзаното замена на американските носачи на ваквото вооружување.

„САД ги принудуваат своите сојузници да ги купат авионите ‘F-35’ и преземаат други мерки за да ја зголемат способноста на земјите од НАТО да ги надминат зоните за блокирање на пристапот. Тоа, исто така, е реалност што мораме да ја земеме предвид и во политичка смисла и при нашето воено планирање“, вели рускиот дипломат.

Грушко додава дека покрај тоа, во самото НАТО „веќе ја донесоа одлуката за зајакнување на нуклеарната компонента во воените планови на сојузот, да ја направи повидлива, а го зголемат бројот маневри со нуклеарно сценарио и да ја вклучат американската стратешка авијација во вежбите, кои полетуваа од Велика Британија а потоа летаат до нашите граници“.

„Забележуваме и дека НАТО нема намера да се откаже од заедничките нуклеарни мисии, коишто инаку се во спротивност со Договорот за неширење на нуклеарното оружје кој изрично забранува, во секаква форма или во секоја фаза, предавање на нуклеарното оружје на ненуклеарни држави. А токму тие учествуваат во нуклеарните мисии на НАТО и ја купуваат американски носачи“ на нуклеарно оружје, додава Грушко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.