Русија развива уникатна вакцина против коронавирусот

Руските научници работат на развојот на уникатна вакцина којашто истовремено ќе штити и од грип и од коронавирусот, соопшти во средата генералниот директор на Нациоанлниот центар за медицински истражувања „Алмазов“, Евгениј Шахто.

Како што посочи, на создавањето на ваквиот препарат работат повеќе групи научници.

„Станува збор за комбинирана вакцина. Таа ќе содржи компоненти коишто овозможуваат формирање имунитет и од грипот и од коронавирусот“, изјави Шлахто во вечерното интервју за телевизискиот канал РЕН.

Препаратот сѐ уште е во раната фаза од развојот, тој ќе треба да мине испитувања на животни и цела серија клинички тестирања. Сепак, како што тврди Шлахто, веќе се забележани одредени позитивни резултати.

На почетокот од август Русија беше првата земја во светот која објави дека регистрирала вакцина против коронавирусот, која ја развиле стручњаците во научниот центар „Гамалеја“. Овој препарат, кој наиде на скептични оцени и критики на Западот, ги доби сите одобренија и беше тестиран на волонтери, кај кои се развил имунолошки одговор и антитела на вирусот SARS-CoV-2.

Имунизацијата, како што е најавено, ќе се одвива во две фази во интервал од околу три седмици со две интрамуслукни инјектирања. Таквата шема ќе овозможи развивање иминутет во текот на неколку години, тврдат нејзините автори.
Во средата руската вицепремиерка Татјана Голикова изјави дека досега 27 земји во светот пројавиле интерес за набавка на руската вакцина која беше наречена „Спутни V“. Притоа, првата странска држава која ќе го добие препаратот ќе биде соседна Белорусија.

Претходно во вторникот руското министерство за здравство објави дека ја регистрирал ткн „сува вакцина“ (лиофилизат), односно прашок за подготовка на раствор за интрамускулно инјектирање, Вакцината е регистрирана под називот „Гам-КОВИД-Вак-Лио“, и е создадена исто така во научниот ценар „Гамалеја“.