Русија се повлекува од CERN, најголемиот светски научен проект

Завршува повеќедецениската соработка меѓу Русија и Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во Женева, јави во неделата германската службена новинска агенција dpa, истакнувајќи дека научниците од таа европска институција соработувале и со Русија за време на Студената војна.

Заминувањето на руските научници сериозно ќе влијае на проектите на CERN, вклучително и експериментите на Големиот хадронски судирач (LHC), бидејќи Русија учествуваше со 4,5 отсто од буџетот за тие експерименти, односно придонесуваше со 2,3 милиони швајцарски франци годишно.

Беате Хајнеман, директорка на одделот за физика на честички во германскиот истражувачки центар Електронски синхротрон (DESY) во Хамбург, изјавил за dpa дека повлекувањето на Русија ќе има голем број негативни последици.

„Ова не значи дека некои истражувања ќе бидат невозможни поради прекинот на соработката, но ќе биде многу потешко и побавно, ќе има одложувања“, вели Хејнеман.

CERN, основан во екот на Студената војна во 1954 година, е една од најважните истражувачки институции за физиката на честичките каде е сместен најмоќниот акцелератор на честички во светот.

Илјадници научници од целиот свет работат на истражување во CERN. Околу 1.000 научници од Русија беа вклучени во проектите, тврди Јоаким Мних, директор за истражување во CERN.

„Пред да заминат, тие беа многу корисни во пренесувањето на нивната експертиза, колку што можеа“, рече Мних.

„Научниците од CERN работеа со Русија за време на Студената војна, мотивирани од научната љубопитност и во мирна средина. Се чини дека тоа веќе не е можно, што е огромен срам“, рече Маркус Клуте, раководител на Институтот за физика на експериментални честички на Институтот за технологија (KIT) во Карлсруе.

Во јуни 2022 година, ЦЕРН одлучи да ги раскине договорите за соработка со Русија и Белорусија поради војната во Украина.

Петгодишниот договор со Белорусија истече на 27-ми јуни, а со Русија на 30-ти ноември.