Русија смета дека шишето можело да биде доказ во случајот на Навални, но е изнесено од земјата

Шишето со вода кое наводно потекнува од хотелската соба во Томск во која престојувал рускиот опозициски блогер Алексеј Навални и на кое наводно се најдени траги од нервниот агенс „новичок“, би можело да биде доказ во разветлувањето на случајот, меѓутоа наместо тоа било изнесено од Русија и престојувало на непознати локации, со што престанува да биде веродостоен доказ во секаква меѓународна истрага, истакна во петокот Кремљ.

Соработниците на Навални во четвртокот објави дека наводно шише со вода од хотелската соба во која тој престојувал ка однеле во Германија и дека на него наводно се најдени траги од отровот „новичок“. Нема објаснување како тоа било однесено до Германија, и како активистите влегле во хотелскиот апартман неколку часа откако го откажал Навални и дали токму тој пиел од него.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската истрага која ја мина целата маршрута на движење на Навални пред летот од Томск до Москва, како и стручњаците не можела да го проучат шишенцето со вода и дека поради тоа Москва не може да го коментира случајот.

„Ние не можеме да го објасниме, бидејќи, како што е познато, оваа шипенце, и доколку постоело, е дносено во Германија или којзнае каде. Нешто што можело да стане доказ, за жал, го изнеле од земјата. Тоа отвора дополнително прашање – зошто?“, рекол Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, потсетил дека сите токсиколози во светот имаат неподелено мислење дека доколку на шишенцето навистина имало траги од нервен агенст од хемиско оружје, тешко дека некој би можел да го пренесе некаде без специјална опрема. Песков не сакал да го коментира сомневањето на спикерот на парламентот Вјачеслав Володин за можно учество на странски тајни служби во инцидентот со Навални.

„Има премногу апсурди во оваа приказна за да може нечиј збор да се зема здраво за готово“, додал портпаролот на Кремљ.

Русија потсетува дека досега Берлин не одоговорил на барањето на Москва за размена на биоматеријалите на Навални добиени во лабораториите во двете земји, кои дијаметрално се разликуваат и оти нема никакви докази за отворање на суштинска истрага, освен првичната со која се прегледани снимки и разговарано е со стотици сведоци.

Поддржувачите на Навални, кој за волја на вистината повеќе важи за „палавото дете“ на руската опозиција кој добива публиците на Западот повеќе отколку што има вистинско влијание меѓу руските опозициски кругови, тврдат дека истрагата би открила дека Кремљ, претседателот Владимир Путин и руските тајни служби се одговорни за труењето на блогерот.

Русија повторниоги отфрла ваквите обвинувања. Од Кремљ на новинарите им го поставија прашањето дали би имало смисла да се труе Навални во Русија, а потоа да му се дозволи да се лекува во странство каде може да се откријат траги од наводно труење.

Покрај тоа, еден од главните креатори на отровот „новичок“ во советскиот период повеќепати во медиумите изрази големо сомневање дека Навални бил труен со оваа супстанција, поради неговата голема токсичност и сложената постапка за ракување со него.

Навални откако пред десет години не успеа да влезе меѓу водечките опозициски лидери во Русија, раководи со Фондација за истражување на корупцијата, но во последно време во западните медиуми е претставуван како политичар иако зад него не стои таква структура.