Русија тврди дека во еден ден од строј се исфрлени речиси 700 украински војници

Во текот на изминатото деноноќие загубите на украинските сили на југоисточните правци на фронтот достигнале околу 700 борци, од кои над 500 само во областите во сепаратистичкиот регион Доњецк кои сѐ уште се под контрола на Киев, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана чии податоци не можат да се проверат од независни извори и кое обично не ги објавува загубите на руската страна.

„Во правецот на Доњецк, во текот на продолжувањето на активните операции на Јужната групации војски, во напади на артилеријата и удари на авијацијата во изминатото деноноќие беа убиени и ранети до 490 украински војници“, се вели во дневниот брифинг на руското министерство.

Во споменатата област, според истиот извор, бил уништен еден украински ренк и три пешадиски оклопни борбени возила, четири пикапи модифицирани за борбени дејствија, девет други воени возила вкупно седум хаубици, од кои една од моделот „М777“ од американско производство.

Во насоката на Кујпанск, во Харковската област на истокот на Украина, Западната групација војски на руската армија извршиле удари врз три места во областа на Харков и едно во соседниот регион Луганск. Според руското министерство во изминатите 24 часа во овие напади биле „уништени“ повеќе од 90 украински војници, еден тенк и шест воени возила.

Во правецот на Красни Лиман (Лиман, на украински) руската групација Центар нападнала три украински позиции меѓу регионот Доњецк и Луганск. Во овие операции украинската војска загубила околу 150 свои припадници, а уништени биле вкупно седум оклопни борбени возила и една повеќекратен ракетен систем, тврдат од Москва.

Претходно претпладнето министерството за одбрана објави дека во насока на јужен Доњецк и Запорожје, единиците на руската групација војски Исток има нанеле тешки загуби на украинските единици во областите Водјани, Приволное и Угледар, на границата на административната територија на регионот Доњецк.

Во изминатото деноноќие, како што се додава во објавата на руското министерство за одбрана, во борбите загинале 70 украински војници, биле уништени два украински тенка и две оклопни борбени возила и две хаубици.

Вкупно од петокот до саботата руските воздушни и артилериски сили дејствувале врз 83 позиции на артилериски единици на украинската војска, а на жива сила и воена опрема во 197 региони. Руските авиони ловци во истиот период собориле два хеликоптера „Ми-8“, а од противвоздушната одбрана биле соборени уште еден хеликоптер „Ми-8“ и 11 беспилотни летала.