Русија тврди дека во Киев не гаѓала цивилни цели, туку воена фабрика

Smoke billows the air from a residential buildings following explosions, in Kyiv, Ukraine, Sunday, June 26, 2022. / (AP Photo/Nariman El-Mofty)

Руското министерство за одбрана во неделата потврди дека извршила ракетни удари врз Киев, но тврди дека е погодена фабрика за производство на проектили и „лажни вести“ ги нарече информациите дека е погодена станбена населба на украинската престолнина.

„Станува збор за фабрика за производство на оружје што како воена инфраструктура е легитимна цел“, соопшти руското министерство за одбрана потсетувајќи дека истите погони биле цел и во нападите во април, пренесува AFP.

Претходно шефот на кабинетот на украинскиот претседател Ондриј Ермак објави дека „Русите повторно го погодија Киев и проектилите погодија станбена зграда и детска градинка“.

„Руските сили нападнале цивилни цели во Киев е лажна вест. Рускиот проектил прецизно ја погоди фабриката ‘Артјом’“, тврди руското министерство за одбрана.

Според министерството, штетата на станбената зграда во центарот на Киев е направена при падот на украински проектил на противвоздушната одбрана.

Според украинската страна, на Киев руската војска во неделата утрото на денот на почетокот на самитот на Г7 во Германија и точно една седмица пред почетокот на самитот на НАТО во Мадрид, истрелала наводно 14 проектили, истакнувајќи дека е „тешко да се пресретнат“ рускиот проектили како „Искандер“.

Беше објавено дека во ракетирањето загинало едно лице, а пет се ранети меѓу кои едно дете. Од материјалната штета пријавено е дека се делумно се уништени трите последни ката од станбената деветкатница и дека има кратер од проектил на игралиштето од детската градинка на којашто од детонацијата испукале прозорците.