Русија успева да ја компензира стоката за широка потрошувачка од увоз

Уделот на домашните производи на рускиот пазар на стоки за широка потрошувачка е зголемен во првата половина од 2022 година на 83 отсто од 79 отсто од минатата 2021 година, што укажува Русија успеава да го надомести недостигот на стоки од увоз во време на периодот на невидените западни санкции, покажува во вторникот објавениот извештај на глобалната аналитичка компанија „NielsenIQ“.

Руските производи наменети на брзата широка потрошувачка сега ги полнат рафтовите на тамошните продавници, имајќи предвид дека увозот на стоките од странство е остро намален поради западните санкции. Но тоа покажува и дека има успех долгогодишниот проект на рускиот претседател Владимир Путин домашните компании да го преземат домашниот пазар од доминацијата на странските.

Широките санкции наметнати против Русија воведен на крајот од февруари поради нејзината воена акција во соседна Украина поттикнаа многу странски компании, престижни брендови, вклучително и бројни во секторот на производство стоки за широка потрошувачка, да ја напуштат земјата.

Поизразен пад, меѓу другите странски производи, забележан и на падот на алкохолни пијалаци, каде руското пиво веќе сочинува 89 отсто од продажбата во првата половина од 2022 година, во однос на 79 отсто една година претходно, покажуваат податоците на „NielsenIQ“.

Пивата коишто ги произвеле и продале странските пиварници кои објавија планови за повлекување од Русија уште минатата седмица се наоѓаа на рафтовите во московските супермаркети и продавници, што според аналитичарите само укажува на тоа колку време може да биде потребно ограничувањата насочени на потрошувачите да почнат да имаат влијание.

„Стеснет е асортиманот на стоки кои се достапни за потрошувачите на рафтовите во продавниците. Во овој тежок период започна да се развива поинаков тренд – стоката којашто исчезнуваше од рафтовите почна активно во потрошувачката кошница да се заменуваат со брендовите произведени во Русија, за коишто се отвори голема можност“, коментира за Reuters Константин Локтев, директор за малопродажба во руската филијала на „NielsenIQ“ укажувајќи на една од двете големи промени кои му оделе в прилог на секторот.

Исто така, на рафтовите во руските продавници значително е зголемен и уделот на руските прехранбени производи кои се консумираат меѓу главните оброци, како што се грицкалки, и производи за лична хигиена произведени во Русија, покажуваат уште податоците од спроведеното истражување.