Русија вети намалување на операциите – Украина предложи неутралност, изјави и толкувања

Русија на мировните преговори во Истанбул во вторникот вети дека драстично ќе ги намали своите воени операции околу украинската престолнина Киев и северниот град Чернигов, а Украина предложи неутрален статус со меѓународни гаранции дека ќе биде заштитена од напади.

Украинските преговарачи изјавија дека предложиле статус според кој нивната земја не би се зачленувала во сојузи или би имала бази за странски војници, но безбедноста би се гарантирала под услови сличнмо на членот 5 кој зборува за колективната одбрана на НАТО. Како земји кои би ги нудиле тие гаранции ги наведоа Израел, како и челнките на НАТО – Канада, Полска и Турција.

Предлогот содржи и период од 15 години во кој би се разговарало за доминатно рускиот црноморски полуостров Крим кој по превратот во Киев во март 2014 година со два референдума со огромно мнозинство гласови над 90 отсто прво ја врати автономијата укината во 1991 година со осамостојувањето на Украина од Советскиот сојуз, а со вториот реши да се просоедини во составот на Руската Федерација од која е издвоен и припоен на Украина во 1954 година во времето на СССР.

Предлогот, како што изјавија за медиумите во Истанбул украинските преговарачи, би стапи на сила само во случај на целосен прекин на огнот.

Заменикот на рускиот министер за одбрана Александар Фомин изјави дека Русија одлучила да ги намали воените операции околу Киев и Чернигов за да се создадат услови за дијалогот. Шефот на руската преговарачака делегација, помошникот на претседателот Владимир Медински изјзиви дека ќе ги проучи украинските предлози и ќе му ги пренесе на рускиот претседател Владимир Путин.

Москва и пред превратот од 2014-та не се противеше на членството на Украина во Европската унија, според примерот на некои од скандинавските земји, но беше против нејзинот стапување во воени сојузи со западните земји, во прв ред со НАТО стравувајќи за својата безбедност, амбиции кои ги истакнуваа изминатите осум години прозападните власти во Киев.

На преговорите во вторникот во Истанбул остварен е досега најголемиот напредок, оцени турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Додаде дека Турција го поздравува компромисот и разбирањата од двете страни по одредени прашања и ситакна дека војната мора да заврши што е поскоро можно. Најави дека за „најтешките прашања“ во догледно време би требало да разговараат украинскиот и рускиот министер за надворешни работи, по што би следел состанок меѓу челниците на двете држави.

Украинските предлози за оценуваат како најдеталните и најконкретните кои Киев досега јавно ги изложи. Средбата во Истанбул беше и првата лице в лице по неколкуте кругови преговори кои се одржаа преку видеоврска.

„Доколку успееме да се договориме за тие клучни предлози, а тоа ни е најважното, Украина ќе биде во позиција да го потврди својот сегашен статус на држава која не е членка на ниеден блок и дека не поседува нуклеарно оружје, во форма на трајна неутралност. Нема да отвораме бази за странстки војници на наштата територија, ниту ќе ги рспоредуваме на нашата почва и нема да влегуваме во воено-политички сојузи“, истакна украинскиот преговарач Александр Чалиј.

Воените вежби, додаде Чалиј, би се одржувале со согласност од државите гаранти.

Украинската преговарачка делегација вели дека во нивните предлози има доволно материјали за да може да се договори директна средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Зеленски и Путин.

Истовремено, шефот на руската делегација Медински изјави дека Москва ќе преземе два чекора во однос на Киев за да го деескалира конфликтот. Појасни дека станува збор за воени и политички чекори. Рече дека руската страна добила предлози од Украина „јасно формулиран став за нивно (на предлозите) вклучување во договорот“. Тие предлози ќе бидат разгледани најскоро, предложени до претседателот Путин и испратен одговор до Киев.

Според Медински, по склучувањето на договорот со Москва, Киев ќе одбие приклучувања на воени сојузи. Ги потврди изјавите на украинскиот преговарач Чалиј дека Украина нема да се приклучува на воено-политички сојузи, да распоредува странски воени бази и контингенти на својата територијата, како и дека воените вежби ќе ги спроведува на своја територија но не без соглсност со државите гаранти, вклучително и Русија.

Истовремено, Москва нема да приговара „против стремежите на Украина да се приклучи на Европската унија“, додаде Медински.

Другата компонента од преговорите, како што рече Медински, е што Украина се откажува по воен пат во својот состав да ги врати Крим и одметнатата проруска облас Донбас. Како што истакна шефот на руската делегација, предлозите на украинската страна за систем од безбедносни гаранции претпоставуваат дека тие не се однесуваат ан територијата на Крим и Донбас.

„За да се импелментира вонблоквоскиот и ненукеларен статус, дополнително е даден список со држави гаранти кои ја гарантираат безбедноста на Украина. Безбедносните гаранции не важат за териториите на Крим и Севастопол, односно Украина се откажува од намерата да ги поврати Крим, Севастопол со веодни срества и изјавува дека тоа е можно само преку преговори. Се разбира, тоа воопшто не одговара на нашата позиција, но Украина го формулираше така својот пристап“, изјави Медински за медиумите во Истанбул.

Нагласи дека безбедносните гаранции „не важат за делот од Украина, кој таа го нарекува посебни области на регионите Донецк и Луганск.

Москва, исто така, предложиле да се забрза организирањето на средбата меѓу двајцата претседатели. Како што рече Медински, Москва тргнува од тоа дека средбата меѓу Путин и Зеленски ќе биде можна кога делегациите ќе постигнат договор.

„Предложениот формат беше следниот: прво се подготвува договор, потоа договорот се одобрува од преговарачите, го одобруваат министрите за надворешни работи на нивен состанок, по што има можност за состанок меѓу шефовите на државите за потпишување на тој договор. Ова не е лесно прашањње, особено што средбата можно да е мултилатерална, со учество на државите гаранти на мирот и безбедноста во Украина“, оцени Медински.

Оценувајќи ги денешните разговори „содржајни“, Медински додаде дека Мосвка понудила да се одржи состанок на претседателите истовремено со парафирањето на договорот од страна на министрите за надворешни работи, а покрај тоа „во времето на потпишувањето и разголедувањето на поединостите од договорот, можно е да се разговара за различни политички нијанси и детали“.