Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во документарецот Опасен вирус, кој се емитуваше на телевизијата Росиа-1.

Според него, тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе почнат испитувања на пониски примати.

Во Русија досега се потврдени вкупно 4.731 случаи на коронавирусот, од кои 333 оздравеле. Според најновите податоци во Русија има вкупно 43 смртни случаи од Ковид-19.