Русија воведува ограничување на Твитер

Руската федерална агенција за надзор на електронските медиуми и комуникации, Роскомнадзор, денес објави дека ќе воведе ограничувања на мрежата Твитер со забавување на протокот на информации, обвинувајќи ја администрацијата на Твитер дека не отстранува забранета содржина од својата страница дури и по неколку предупредувања.

Роскомнадзор предупреди дека Твитер, кој е широко користен од приврзаниците на руската опозиција Алексеј Навални, ќе биде целосно блокиран, бидејќи само денес беа објавени над 3.000 објави со нелегална содржина.

„Забавувањето на Твитер ќе се примени на 100 проценти од мобилните и 50 насто на немобилните апликации и ако Твитер продолжи да ги игнорира барањата засновани на законот, ќе бидеме принудени целосно да ја блокираме таа социјална мрежа“, објави Роскомнадзор, Пренесува Ројтерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.