Русија за намалените испораки на гасот ги обвини ЕУ, Украина, Полска и санкциите

Руската амбасада во Берлин преку соопштение во четвртокот одговори дека испораките на рускиот гас во земјите од Европската унија се значително намалени, но дека тоа не е предизвикано од дејствија на Русија туку е последица од западните антируски санкции и потезите на Полска и Украина.

„Снабдувањето на ЕУ со руски гас е значително намалено, но тоа не е предизвикано од дејствијата на Русија, туку од последиците на антируските санкции“, се наведува во соопштението на дипломатската мисија на Русија во Германија, кое го цитира агенцијата РИА.

Амбасадата посетува дека Полска ги запре испораките преки гасоводот „Јамал-Европа“, а Украина го намали транзитот преку својата територија на само една од станиците.

Се додава дека „сертифицирањето на гасоводот Северен тек 2, кој е целосно подготвен за работа и ги мина сите неопходни технички проверки, го запра германската влада од политички причини“.

„Гасоводот Северен тек 1 работи со 20 отсто од својот капацитет, бидејќи од шесте гасни турбини на ‘Siemens“ (пет во погон и една во приправност) на гасната црпна станица Протоваја моментално работи само една. За другите е неопходно планирањето годишно одржување и ремонт или се во дефект. Siemens Energy се добро свесни за оваа ситуација“, соопшти амбасадата на Русија.

Северен тек 1, моментално главната рута за снабдување за гас од Русија во Европа, работи со ограничување од средината на јуни, а од крајот на јули работи со само 20 отсто од своите 170 милиони кубни метри гас од пропусниот капацитетот на ден.

Москва повеќепати истакнуваше дека испораките се ограничени поради санкциите, кои бараат од земјите членки на ЕУ да го намалат набавување на гасот, и кои го оневозможуваат плаќањето, како и проблемите кои се предизвикани со немањето гаранции за брзо враќање на гасните турбини на „Siemens“ од ремонтот во неговите канадски погони. Брисел, пак, вели дека Москва манипулира со испораките како дел од политичките и економски притисоци.