Русија за првпат истрелала хиперсонична ракета „Циркон“ од брод во Беренцово Mоре

218

Русија во јануари годинава го направила првото тестирање на хиперсоничната ракета „Циркон“ што ја истрелала од фрегатата „ Адмирал Горшков“ во Беренцово море, а со која гаѓала цел на копното, за Тасс соопштила два извора од структурите на Северозападниот федерален округ.

-Во согласност со државната програма за тестирања на „Циркон“, на почетокот на јануари годинава „Адмирал Горшков“ ја истрела оваа  ракета од Баренцово море врз цел на копното, односно врз една од воените тренинг бази во северен Урал, изјави еден од  соговорниците на агенцијата.

Вториот извор ја потврдил оваа информација, забележувајќи дека „летот на Циркон надминал 500 километри“.

Соговорникот на Тасс уште додал дека тестирањата на „Циркон“ од поморски објекти ќе продолжат во текот на цела 2020 година.

-По завршувањето на програмата за тестирање на лансирањата од „Адмирал Горшков“, овие ракети ќе бидат истрелувани и од нуклеарните подморници, изјави изворот.

Во ноември минатата година прес службата на руската Северна флота соопшти дека фрегатата пристигнала во военопоморската база Беломорск (во градотг Северодвинск), за да се подготви за тестирање на нов вид оружје.

Во февруари 2019 година рускиот претседател Владимир Путин во свото обраќање пред Федералното собрание забележа дека работата врз ракетата „Циркон“ се одвива според предвидениот план и распоред. Таа, според шефот на руската држава, има брзина од околу девет Маха и може да погоди цели на растојание поголемо од илјада километри, како надводни, така и надземни. Тогаш Путин прецизираше дека е предвидено носители на овие ракети да бидат бродовите од сериското производство и подморници, вклучително и произведените и изградени пловни објекти, предвидени да лансираат ракети од типот „Калибар“.

Рускиот заменик министер за одбрана Алексеј Криворучко во ноември  лани изјави дека е планирано „Цирконите“ да бидат разместени на фрегата „Маршал Шапошников“ и мултифункционалната нуклеарна подморница „Иркутск“, што ќе бидат модернизирани за оваа цел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.