Русија: Да се почитува волјата на гласачите во Македонија

русија

Според резултатите, се додава, ниту една политичка партија не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.

– Ги повикуваме сите политички сили во Македонија да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат во рамките на Уставот,  и да ги избегнуваат контрапродуктивните надворешни влијанија при формирањето на новата влада. Веруваме дека македонските политичари се свесни за степенот на одговорноста за зачувување на стабилноста во Македонија и меѓуетничката хармонија, кои се неопходен фактор за мир во целиот балканси регион, се потенцира во соопштението од Руското МНР.

Русија, како што се наведува во соопштението, очекува приоритетите на новата влада на Република Македонија да бидат избалансирани и да се фокусираат на зајакнување на мирот и безбедноста на европскиот континент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.