Русија: ЕУ е против мирно решение за Украина

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Европската унија откако усвои нови санкции кон Москва изгледа дека донела одлука да биде против мировно решение за кризата во Украина.

Одредувајќи нови санкции кон Москва, Европската унија според Русија го направила својот избор, а тоа е да биде против мирно решение за украинската криза. Руското министерство додава дека Москва очекувала поддршка за мирно решение на кризата од сите одговорни сили во Европа.

„Брисел и шефовите на држави на ЕУ треба да дадат јасен одговор на граѓаните на ЕУ затоа што се предмет на ризик од конфортации, економска стагнација и губење на работата,“ се вели во соопштението.