Русија ги обвинува САД дека сакаат да предизвикаат војна со Иран

239

Соединетите држави „настојуваат намерно да предизвикаат војна“ со Иран, рече во вторникот заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, алудирајќи на објавата дека САД ќе испрата уште илјада војници на Блискиот исток, а истовремено Техеран порачува дека нема да војува со никого

Вашингтон објави оваа седмица дека ќе испрати дополнителни илјади војници на Блискиот исток како одговор на нападите врз двата нафтени танкера во Оманскиот залив. САД го обвинија Иран дека е одговорен за овие напади на важниот поморски пат за светската трговија со нафта, додека Техеран одлучно ги отрфла обвинувањата.

Обраќајќи им се на новинарите, вториот човек на руската дипломатија Сергеј Рјабков рекол дека „веќе подолго време може да се видат постојани политички, психолошки, економски и воени притисоци од САД врз Иран“.

„Ваквиот вид реакција, верува, претставува провокација. Не може да се сфати никако ппоинакуи, туку како настојување да се предизвија војна“, рекол Рјабков кого го цитира агенцијата ТАСС.

Истовремено, како одговор на американската најава за распоредување поголем број војници на Блискиот исток, иранскиот претседател Хасан Роухани во вторникот рече дека неговата земја нема да војува против ниедна друга држава. Стравовите од воен судир меѓу САД и Иран ескалираа по наапдите од минатиот четврток во Оманскиот залив.

„Иран нема да војува против ниедна земја. Оние кои со тоа нѐ соочуваат се група политичари со мало искуство“, рекол Роухани во говорото пренесуван во живо на државната телевизија. Додал дека „и покрај сите американски напори во регионот и нивната желба да ни ги пресечат врските со остатокот од светот и нивната желба Иран да остане осамен, беа неуспешни“.

Привремениот американски министер за одбрана Патрик Шанахан најави во понеделникот распоредување на уште околу илјада војници на Блискиот исток „за одбранбени цели“ наведувајќи ја својата загриженост поради „иранската закана“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.