Русија ги откри карактеристиките на новата ракета

Руското министерство за одбрана во средата на странските воени аташеа и новинари им ги претстави карактеристиките на новите  крстосувачки ракети, за кои САД тврдат дека го кршат договорот за контрола на вооружувањето од периодот на Студената војна.

Вашингтон својата најава за повлекувањеод од Договорот за неширење на нуклеарното оружје со среден и кус дострел (INF) ја оправдува со тврдењето дека наводно новата руска ракета Новатор 9M729, којашто според номенклатурата на НАТО се нарекува SSC-8, го крши споменатиот договор кој се однесува на раместувањето на ракетите со кус и среден дострел во Европа.

Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на октомври предупреди дека „главното прашање е што САД ќе сторат доколку се повлечат“ од договорот INF. „Доколку разместат ракети во Европа, тогаш мораме да одговориме на ист начин“, порача Путин.

Русија наведува дека дострелот на новиот проектил не е поголем од 500 километри, како што тврдат САД, што значи дека е во согласност со INF. Москва го обвини Вашинтон дека измислил лажен изговор за да се повлече од договорот кои и инако сака да го напушти за да развива нови ракети. Максималниот дострел на ракетата 9М729 изнесува 48о километри, истакна во средата началникот на ракетните војски и артилеријата, генералот Михаил Матвеевски, кој посочи дека станува збор за модернизирана верзија на проектилот 9М728 кој влегува во составот на ракетните системи „Искандер-М“, која има 10 километри помал дострал

Заменикот на шефот на руската дупломатија, Сергеј Рјабков, на брифингот за новинарите, на кој иако поканети не присуствувале претставниците на САД и на НАТО, рекол дека Вашингтон бил јасен преку дипломатските канали дека неговата одлука за напуштање на договорот е конечна и дека не е отворен за дијалог.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри. Договорот не се однесуваше на ракетите стационирани на бродови и подморници.

Во последните години, особено по избувнувањето на неколкуте воени кризи, како украинскта и сириската, САД повеќепати ја обвинуваа Русија дека не се продржува до договорот. Москва категорично ги отфрла овие обвинувања и смета дека Вашингтон има претензии за нарушување на спроведувањето на договорот.