Русија ги повикува САД на заеднички напади во Сирија

Оваа изјава ја даде денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој го изнесе предлогот на Москва  со овие напади да бидат опфатени конвои на оружје, вклучувајќи ги и они кои стигнуваат во Сирија од Турција.

Шојгу наведе дека предлогот е направен во координација со сириската влада и дека за него, во јорданскиот главен град Аман, е разговарано со американските воени експерти.

– Русија го задржува правото еднострано да врши удари на оние бунтовници во Сирија кои не го почитуваат примирјето, рече Шојгу на состанокот во министерството.