Русија го отфрла предлогот Германија да биде посредник во кризата со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го отфрли предлогот на Германија да посредува во кризата меѓу Москва и Киев, до којашто дојде откако неодамна Русија заплени три украински воени брода, заедно со екипажот близу црноморскиот полуостров Крим кој од март 2014 година се присоедини на Руската Федерација.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, во четвртокот предложи дека Организацијата за безбедности и соработка во Европа (ОБСЕ) да ја прошири својата набљудувачка мисија во источна Украина до Азовското Море. Планот треба да се разгледува во вторник во Берлин, на состанокот на претставници на Германија, Франција, Русија и Украина, во ткн Мински формат.

„Нема потреба од набљудувачи и медијатори кога станува збор за Азовското Море и Керченскиот теснец“, рече Лаворов на состанокот на ОБСЕ во Милано.

„Маас и другите партнери, наместо тоа, треба да ги убедат Американците да дојдат на преговарачка маса и да почнат да зборуваат конкретно (за контрола на оружјето), а не да нè обвинуваат нас од преку Атлантикот”, рече шефот на руската дипломатија алудирајќи на размената на обвинувања меѓу Москва и Вашингтон за кршење на Договорот за елиминација на нуклеарни проектили со среден и кус дострел.