Русија го смета необјективен извештајот за употреба на хемиско оружје во Сирија

Извештајот на дека во северна Сирија во април е употребен забранетиот нервен гас сарин се темели на сомнителни докази, соопшти во петокот руското министерство за надворешни работи.

Извештајот, за кој во четвртокот пишуваше агенцијата Reutersкоја имала увид во него, кружел меѓу членовите на Светската организација за забрана на хемиското оружје (OPCW) во нејзиното седиште во Хаг, меѓутоа не е објавено.

Нападот од 4 април во кој беа убиени речиси 80 луѓе во градот Кан Шејкун во покраината Идлиб во северна Сирија е најсмртоносниот во шести ипол годишната сириска граѓанска војна во последните три години. По него следеше американскиот ракетен напад врз сириска воздухопловна база од којашто наводно според тврдењето на Вашингтон бил извршен воздушниот напад.

Официјален Дамаск, чија војска претрпе незначителни штети од американскиот напад, тогаш обвини дека станува збор за исцениран напад од цихадистичките или бунтовничките сили со цел да се испровоцира реакција на Западот а особено на новиот американски претседател Доналд Трамп кој навестуваше промена на дотогашниот американски приод на сириската криза.

„За жал, по првото читање на овој документ принудени сме да забележиме дека заклучоците во него се темелени на извонредно сомнителни докази“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

„Содржината на извештајот кој го составила специјалната комисија на OPCW во голема мера е необјективна, поради што сметаме дека активностите на тоа тело служат за политички цели“, истакнува руската дипломатија.

Москва го поддржува Дамаск во тврдењата дека нападот во Кан Шејкун го бунтовничките сили во Сирија. Притоа се потсетува дека токму OPCW во октомври 2013 година објави дека владата во Дамакс целосно соработувала и ги предала сите резерви и материи за производство на хемиско оружје, како и дека се демонтирани постројките за негово производство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.