Русија и Грција денеска потпишаа меѓувладин меморандум за Турски поток, јави Тасс.
Меморандумот предвидува формирање заедничка компанија за проектот.
Според Александар Новак, министер за енергетика на Русија, Грција ќе добие од Русија кредит за изградба на крак на Турскиот поток. Изградбата на кракот би почнала во 2016 година и ќе заврши во 2019 година.