Русија и Јапонија го осудија последното лансирање од Северна Кореја

99
© AP Photo / Korean Central News Agency

Русија во понеделникот го осуди најновото лансирање на ракетоа во Северна Кореја, повикувајќи ја меѓународната заедница на воздржаност, а Јапонија уште еднаш остро реагираше на ваквите активности на Пјонгјанг.

„Истовремено ги повикуваме партнерите со кои работиме да покажат воздражаност, вклучително и од воени активности во регионот“, изјави заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Владимир Титов.

Портпаролот на јапонската влада „најостро“ во име на владата го осуди најновоото тестирање на ракета коешто во понеделникот утрото го изведе Северна кореја, и коајшто според првичните сознанија паднала во водите на ексклузивната јапонска економска зона.

Ракетата во понеделникот утрото била лансирана од источниот брег на Северна Kореја, но засега изостануваат извештаите за евентуалните штети со авиони или бродови во споменатата област, изјави портпаролот Јошихиде Суга.

„Не можеме да ги толерираме повторените провокации. Жестоко протестираме против Северна кореја и го осудуваме лансирањето“, рече Суга.

Северна Кореја во понеделникот лансирала балистички проектил кој паднал во морето пред источниот брег, што е последниот во низата ректни теститања коишто Пјонгјанг ги изведе во последниот период, предизвикувајќи го притисокот во светот и закани со нови уште поостри санкции.

Северна Кореја извела лансирање неидентификуван проектил во неделата, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на воени извори.

Командата на јужнокорејските вооружени сили на 21 мај објави дека севернокорејскиот проектил бил истрелан од локација во близина на Пукчанг, и дека прелетал околу 500 километри. Јапонија и тогаш објави дека проектилот паднал надвор од нејзината ексклузивна економска зона, и дека нема настрадани бродови.

Една седмица пред тоа Пјонгјанг тестираше ракета со среден дострел којашто според стручњаците покажа дека земјата напредувала во развојот на балистичката технологија.

Во областа на Пунгчанг минатиот месец неуспешно беше тестирана друга ракета. Но на 14 мај беше лансирана балистичката ракета со среден дострел од модификацијата „Хвансон-12“, којашто прелета 787 километри и падна во Јапонското Море. На 6 март беа лансирани четири балистички ракети, при што една падна рекордно блиску до територијата на Јапонија, на 200 километри северозападно од полуостровот Ното, во префектурата Исикава.

Северна Кореја ги одби сите апели, вклучително и од единствениот сојузник Кина, да ја ограничи својата балистичка нуклеарна програма, тврдејќи дека станува збор за легитимна самоодбрана. Земјата развива нуклеарна технологија којашто може да достигне цели на територијата на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.