Русија и Саудиска Арабија целосно го контролираат светскиот нафтен пазар – цените ќе растат постојано

Нема да има зголемување на производството на нафта во светот – главните играчи сега се целосно задоволни со тековните цени. До таков заклучок дојдоа учесниците во годинешниов самит на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во Алжир, пишува рускиот весник „Известија“, пренесува НетПрес.

Молбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за зголемување на обемот на производството, што обично се смета како барање, беше отфрлена. Извозниците на нафта ја покажаа својата сила, но вистината е дека влијанието на ОПЕК во светот драстично паѓа. На местото на старата линија доаѓа „двоецот“ Русија и Саудиска Арабија.

ОПЕК, едeн од стoлбовите на економскиот ред во светот во последната третина на ХХ-от век, се појави во 1960 година со цел да ги заштити колективно интересите на најголемите земји производители во нивната борба со тогаш моќните нафтени комапнии од САД и од Западна Европа – „Седумте сестри“.

Покрај ова, се покажа дека новата организација може да прави и повеќе од нејзината основна цел. Тоа го покажа нафтената криза во 1973 година, ОПЕК може ефективно да го регулира светското производство на нафта и дури и да влијае врз глобалната политика.

Причината за тоа: до крајот на 60-те години доминантни на нафтениот пазар се САД, бидејќи истовремено се главен производител и најголем потрошувач. Но, во 1971 година производството на „црното злато“ во Америка го достигнува својот врв и почнува да се намалува вртоглаво. Со тоа, улогата на земјите членки на ОПЕК, особено државите од Блискиот Исток, почнува да расте од година во година. Така, во 1973 година, достигнува до 50 отсто од глобалната продукција. Организацијата станува глобален монопол, кој ги има сите можности за управување со цените. Иако, САД сеуште имаат определени политички инструменти за дејствување врз организацијата (Американците се гаранти за сигурноста и безбедноста на многу нејзини членки), тоа прави други големи светски потрошувачи, како на пример Западна Европа и Јапонија, да станат нивни заложници. Во текот на 80-те години, пак, светските цени на нафтата се зголемуваат неколкупати и тоа прави членките на ОПЕК буквлно да пливаат во петродолари.

Падот на ОПЕК, парадоксално, станува директна последица на нејзината моќ.

Искуството од зголемувањето на добивката води до таму што купувачите, во услови на постојано покажување на цените, стануваат принудени да бараат алтернативи. Тоа води до штедење на гориво и подем на други извори на енергија, но најважното – раст на обемот на производство на места, кои воопшто не се поврзани со ОПЕК (СССР и Северното море).

Сепак, ОПЕК успева да најде одговор, поканувајќи нови земји членки и зголемување на производството. Но, и тоа решение се покажа само како привремено: зголемувањето на бројот на членки води до чести несогласувања и конкурентни борби во самата организација.

Новиот раст на цените на нафтата, на почетокот на ХХI-от век, предизвикан од брзорастечкиот подем на Кина, некако успева да ги спласне проблемите, но бумот со нафтените шкрилци во САД и враќањето на рекордното производство во Русија, му носат на ОПЕК нов тест за моќта, кој организацијата очигледно не може да го помине. Тоа се гледа најмногу за време на кризата од 2008 година, кога нејзините членки не можат соодветно да одговорат на паничниот пад на цените на нафтата.

Вредноста на „црното злато“ тогаш се намали за пет пати и тоа во период од само неколку месеци, но истовремено никакви мерки за ограничување на производствто не се преземаат.

Сепак, поизводителите имаат среќа бидејќи за помалку од една година цените повторно се искачуваат на околу 100 американски долари за еден барел. Во 2014 година историјата се повторува: ОПЕК повторно не може да дојде до конкретно решение за намалување или ограничување на производството, иако од тоа зависи судбината на целиот пазар и просперитетот на самите учесници во него. Во тој момент, делот на ОПЕК, во производство на нафта во светот, практично паѓа до 30 отсто. Тоа се презема оти членките на организацијата, иако еднакви по своите права, сепак многу се разликуваат по своите можности. Едноставно ОПЕК слободно може да се именува како „Саудиска Арабија и останатите“. На почетокот сите членки се принудени да ги намалат своите производствени квоти, но кога седат врз иглата на нафтената благосостојба, тогаш настануваат проблеми поради социјалните последици во самите држави.

Кон крајот на првата декада на ХХI-от век единствено Ријад може да надмине производство од стотици илјади барели на пазарот – што го прави буквално слон. Со тоа состаноците на ОПЕК стануваат совет на сиромашните роднини, молејќи ги Саудијците да направат нешто за благосостојбата. Полошо станува кога се применуваат квоти бидејќи тие масовно се нарушуваат од сите и тоа од практични причини.

Сепак, на крајот на краиштата, најголемата монархија во Персискиот залив е изморена од тоа и ги става останатите членки на организацијата во состојба на игнорирање.

Како резултат на сето ова, некогаш моќната ОПЕК се претвора во целосно неспособна организација, што доведува до долг период на пад на цените во период од 2014 до 2016 година. Две години членовите на организацијата постојано трпат милијарди и милијарди загуби, но не преземаат ништо, барем да ја ублажат ситуацијата на нефтениот пазар.

Но, има и аргументи за намерно задржување на сопственото производство од страна на Саудијците, со цел ослабнување на производството од нафтени шкрилци од страна на САД.

И покрај тоа, пасивноста на останатите учесници не престана. Кој знае како би завршило сето ова, ако на крајот на 2016 година не се вмеша Русија во играта. Очигледно е дека Москва може да биде одличен партнер на ОПЕК, дори и покрај објективните ограничувања (мнозинството земји во ОПЕК целосно ја контролираат својата нафтена индустрија, додека во Русија таа индустрија е половина во рацете на приватниот сектор, дополнително што во Сибир специфичните природни услови не дозволуваат лесно да се запираат и продолжуваат операциите, нешто што е многу поразлично во топлите земји). Со помош на Русија станува можно брзото договарање и воведување квоти, кои реално почнуваат и да се исполнуваат. Годинава членките на ОПЕК пуштија на пазарот околу 500.000 барели нафта дневно помалку, отколку што се потребни за постигнување на спогодбите.

Сепак, ситуацијата изгледа свртена наопаку. Цената на нафтата ја помина границата од 80 американски долари за еден барел. Аналитичарите, пак, сметаат дека враќањето на износот од 100 долари за барел е реалната перспектива на санкциите на САД против Иран. Фактот дека тоа ќе се случи веќе во ноември, годинава, се оспорува од многу малку луѓе. Сега, пред земјите членки на ОПЕК може да биде поставена задача, спротивна од сегашната, да се зголеми добивката – така што нема да ги исплаши корисниците на среднорочен план. Колку и да изгледа чудно, сепак тоа може да се покаже многу тешко за сите земји од ОПЕК.

На пример, Нигерија го обнови својот полн капацитет на производство од моментот на запирање на долготрајниот конфликт во делтата на реката Нигер – но од тогаш нема видлив раст. Во Ангола стабилноста паѓа и власта изгледа дека неможе да направи ништо во однос на ова прашање. Во Либија сеуште беснее граѓанска војна. Ирачкиот нафтен потенцијал е голем, но единствено на долгорочен план – производството во оваа разрушена земја е делумно и се вади нафта колку што се може повеќе. Венецуела, поради тешката економска ситуација во која се наоѓа, беше заштитена од секакви ограничувања во производството и доставките, но сега, по сериите неуспешни социјалистички експерименти, производството е во постојан пад. Всушност, не посоти никој кој може да донесе дополнителни еден милион барели на пазарот, за да ја балансира индустријата. Како надополнување на капацитетие на Саудиска Арабија и… Русија.

Москва спроведе крајно успешна декада во однос на развојот на своите нафтени богатства. Добивката се зголемува секоја година и тоа за 10 отсто. Учеството во спогодбата ОПЕК Плус не влијае на прогресивниот развој на руската нефтена индустрија, па така според прогнозите на министерството за енергетика, веќе следната година Русия може да произведе 555 милиона тони нафта, што е рекорд во однос на сите изминати години, откако е присутна на пазарот.

Поради сето ова Русија и Саудиска Арабија се далеку на челната позиција пред останатите учесници на светскиот нафтен пазар. Плус, тие имаат скриени капацитети, кои можат кога сакаат да ги стават во функција за да го зголемат снабдувањето со нафта на светот. Од друга страна и двете држави можат да ги намалат доставките без никаков проблем или последница по нив.

Русија завзема особено силна позиција, имајќи ги во предвид буџетските правила, кои обезбедуваат намалување на цените дури и до 40 долари за еден барел, а има и широки можности за регулирање на извозот при практично секаква ситуација. Да не зборуваме за тоа дека Русија е најмалко зависна од нафта во однос на сите други земји во ОПЕК. Всушност сето тоа означува дека монополот на ОПЕК (особено во услови на санкции против Иран) е заменет од доминацијата на руско-саудиската врска. Изгледа дека средбите меѓу официјалните лица на Русија и Саудиска Арабија ќе бидат многу поважни за судбината на светот, отколку ритуалните состаноци на старата ОПЕК.