Русија и Зенит, следна дестинација на Гуарин и Ранокија

Вицешампионот на Русија, тимот на Зенит, најверојатно ќе биде следната дестинација на двоецот од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Фреди Гуарин – Андреа Ранокија.

Руските медиуми потврдија дека тренерот на Зенит, Лучијано Спалети побарал од клупските челници под итно да ги осигураат услугите на репрезентативците на Колумбија и на Италија.

Големата желба на трофејниот инталијански стручњак лесно може да стане реалност доколку понудата на Зенит за крилниот напаѓач и за централниот дефанзивец не биде помала од 30 мил. евра.