Русија им порача на САД дека е подготвена за уште една Кубанска ракетна криза ако ја посакуваат

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија е воено подготвена за криза во стилот на Кубанската ракетна криза, доколку САД посакуваат такво нешто и се закани со распоредување на хиперсоничните нуклеарни проектили на бродови или подморници во близина на американските територијални води.

Кубанската ракетна криза се разгоре во 1962 година кога тогашниот Советски сојуз одговори на распоредувањето на проектилите на НАТО во Турција, со испраќање на балистички проектили на Куба, кога светот дојде на работ од нуклеарна војна.

По повеќе од пет децении, тензиите повторно растат поради намерите на САД да распоредат проектили со кус и среден дострел во Европа чија цел очигледно е Русија, откако ланскиот октомври американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон се повлекуваат од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty). Договорот во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.

Изјавата на претседателот Владимир Путин дадена доцна во средата за руските медиуми следеше по предупредувањето дека Русија ќе возврати на секој обид на САД да распореди проектили во близина на руските граници со распоредување на своите ракети поблиску до американските територии или со распоредување на хиперсоничните проектили. Путин ги образложи своите предупредувања велејќи дека Русија може да ги распореди проектилите на бродови и подморници кои може да кружат во близина на американските територијални води, доколку САД започнат со распоредување на нуклеарното оружје со кус и среден дострл во Европа.

„Зборуваме за поморските носачи: подморници или површински бродови. А можеме да ги сместиме, со ваква брзина и дострел во неутралните води. Покрај тоа, тие не се неподвижни, се двиќат и тие ќе мора да ги пронајдат“… Па нека пресметаат: Мах девет (брзината на проектилите) и над 1.000 километри (дострелот на проектилите)“, изјавил Путин.

Американскиот Стејт департмент ги отфрли претходните предупредувања на Путин како пропаганда, тврдејќи дека нивните намери се даго скршне вниманието од наводното руско кршење на договорот INF.

Вашингтон две години пред да ја обвини Русија за кршење на договорот INF, започнал со подготовки за производство проектили кои се сабранети со споменатиот договор, тврди руското Министерство за одбрана. Според сознанијата на министерството, од јуни 2017 година американската воено-индустриска корпорација „Raytheon“, во градот тусон во сојузната држава Аризона, започнача програма за проширување и модернизација на производствените капацитети за изработка на проектили со среден и кус дострел.

Во текот на изминатите две години, областа на која се простира споменатата фабрика е зголемена за 44 отсто, од 55 на 79 илјади квадратни метри, а бројот на вработените на речиси две илјади, се вели во извештајот подготвен за медиумите на брифингот на руското министерство за одбрана. Покрај тоа, како што обвинува официјална Москва, во ноември 2017 година, речиси истовремено со почетокот на проширувањето на капацитетит на фабриката во Тусон, американскиот Конгрес ја доделил првата транша од 58 милиони долари на Пентагон, директно наведувајќи „За развој на копнена ракета со среден дострел.

САД во моментов немаат копнени нуклеарни проектили со кус и среден дострел во Европа, бидејќи ги повлекоа застарените ракети како и стратешки авионски бомби, но последните години развиваат модернизирани верзии за кои најавија распоредување на европска тариторија.

Путин рече дека некои од таквите проектили би можеле да ја погодат Москва за 10 до 12 минути. Рече дека неговиот поморски одговор на таква нешто би значело дека Русија може да изврши удар врз САД поберзо отколку американските прокетили распоредени во Европа да може да ја погодат Москва, бидејчи времето на летот би било покусо.

„Пресметката не би била во нивна полза, во најмала рака како работите денес стојат. Тоа е сигурно“, предупреди Путин и додаде дека односите меѓу Москва и Вашингтон се напнати, но дека овие тензии не се споредливи со оние од Кубанаската ракетна криза.

„Тие (тензиите) не се причина да јакне спротиставувањето до ниво на кубанската ракетна криза во 1960-те. Во секој случај тоа не е она што ние го сакаме. Ако некој тоа го сака, па во ред, нека повели. Изложив деенска што тоа би значело. Нека пресметаат …“ времето на летото на пректилите“, додаде Путин.