Русија ја критикува одлуката на Црна Гора да пристапи на НАТО

Руското министерство за надворешни работи ја критикуваше во петокот одлуката на црногорскиот парламент да го ратификува пристапувањето на НАТО.

„Гласањето е спроведено под изговорот на имагинарната руска закана“, оцени во петокот во соопштението руската дипломатија.

Тие што гласале за пристапувањето на НАТО „се одговорни за последиците од материјализацијата на плановите на надворешните сили кои сакаат да ги продлабочат актуелните поделби во Европа и на Балканот“, потенцира министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Предупредува и дека пристапувањето на НАТО ќе ги влоши регионалните тензии во внесување на раздор во црногорските односи коишто се темелат на историските врски со Србите и со Русите“.