Русија ќе ги цели САД ако Вашингтон размести ракети во Европа, предупреди Путин

Русија ќе одговори на секое разместување ракети со среден дострел во Европа, целејќи ги не само земјите во коишто се наоѓаат ракетит, туку и самите САД, порача во средата рускиот претседател Владимир Путин.

„Ќе го кажам тоа јасно и отворено: Русија ќе биде принудена да размести оружје коешто ќе може да биде користено не само против територииите од кои може да доаѓа директната закана, туку и против териториите на коишто се наоѓаат центрите за одлучување“, рече Путин во годишниот говор пред рускиот парламент за состојбата на нацијата.

САД ги распоредиле инсталациите „Aegis Eshor“ во Европа, од кои може да се лансираат проектилите од типот „Tomahawks“, а тоа спротивно од договорот INF, потсети Путин, откако ги прочиата условите од договорот.

Иако, според оценката на западните медиуми, Путин ја досега најострата изјава за потенцијалната нова трка во вооружувањето, Путин рече и дека Русија не бара судир и дека нема да го преземе првиот чекор во смисла на разместување ракети како одговор на американското повлекување Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty).

„Но руската реакција на разместувањето на реакетите ќе биде решителна и американските политичари, од кои некои се опседнати со американската посебност, мора да го пресметаат ризикот пред да ги преземат првите чекори“, порача Путин.

Рускиот претседател, исто така, истакна дека одлуката на Вашингтон за повлекување од договорот INF е донесена на невтемелени обвинувања дека Москва го крши овој договор кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев, додавајќи дека него всушност го кршат САД.

Оваа американска одлука ја навела и Русија да го суспендира своето учество во договорот кој датира од крајот на Студената војна и да започне да развива нови оружја, додаде Путин во парламентот.

„Нашите американски партнери можеа да бидат чесни наместо да се користат со имагинарни обвинувања на сметка на Русија за да го оправдаат своето еднострано излегување од договорот“, додаде Путин.