Русија ќе инвестира 5 милијарди долари во венецуелската нафта

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро при посетата на Москва, објави дека Русија ќе инвестира 6 милијарди долари во венецуелската нафтена и рударска индустрија, пренесе ТАСС.

Овие два дена беа интензивни. Добивме гаранции за инвестиција во нафтениот сектор за над 5 милијарди долари и за дополнителни договори кои надминуваат една милијарда долари, а се однесуваат на рударството, соопшти Мадуро.

Тој рече и дека Русија ќе и достави на Венецуела 600 илјади тони пченица. Русија, исто така, ќе врши одржување и поправки на венецуелското оружје.