Русија ќе помага да се реши кипарското прашање

кипар

За време на состанокот во Атина, Лавров посочи дека главната причина што досега не е постигнат договор е тоа што „некои држави не сакаат да се реши кипарското прашање“.

– Не треба да толерираме надворешен притисок или обиди да се наметнат крајни рокови, рече тој.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Лавров изјави дека договорот треба да биде во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Кипар и да има поддршка од двете етнички заедници на поделениот остров.

Шефот на руската дипломатија денеска во Атина ќе се сретне и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.