Русија ќе ѝ предаде на Сирија ракетeн систем С-300

Русија во текот на следните две седмици ќе ѝ го предаде на Сирија современиот противвоздушен ракетен комплекс С-300 чијашто испорака на оваа зафатена со конфликт од март 2011 година, веќе пет години се обидува да ја спречи Израел

Ова изјава на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу од понеделникот доаѓа во моментите на заострените односи меѓу Москва и Тел Авив, откако при израелски воздушен напад на 17-ти септември сириската противовоздушна одбрана собори руски набљудувачки авион од типот „Ил-20“ за што Русија го обвинува Израел.

Израел стравува дека испораките на руско оружје, како што е доставувањето на противракетниот систем С-300, значително ќе ого оневозможат нејзиното повремено ракетирање на сириска инфранструктура за којаштп тврди дека е на милициите на либанското шиитско движење Хезболах.

„Ракетниот систем С-300 е способен да пресретнува средства за воздушен напад на оддалеченост од повеќе од 250 километри и истовремено да погоди неколку воздушни цели“, изјавил Шојгу. Според министерот, овој систем значително ќе ја зајакне борбената способнот на сириската воздушна одбрана.

Шојгу потсети дека Русија во 2013 година ги прекина испораките за владата во Дамаск на комплексите С-300, во втората година од сирискиот конфликт кога имаше ембарго за извоз на оружје за оваа земја. Рускиот министер истакна дека сега ситуцијата е променета „и тоа не по вина на Москва“.

Покрај тоа, Русија ќе ѝ достави на Сирија совремеи автоматизирани системи за управување со командните пунктови на противвоздушната одбрана.

„Тоа ќе осигури централизирано управување на сите сили и средства на противвоздушната одбрана на Сирија, водење мониторинг на ситуацијата во водухот и оперативно следење на целите. Главно, ќе го гарантира идентификувањето на сите руски воздушни средства од страна на сириската противвоздушна одбрана“, рекол Шојгу.

Додал дека Русија ќе го пренесе сателитскиот навигациски систем во акваториумот на Средоземното Море во непосредна близина на Сирија, како и радарските системи и коминикациските системи за борбените авиони кои напаѓаат објекти на територијата на оваа земја. Шојгу исткнал дека Москва е принудена да ги преземе соодветените мерко поради активностите на Израел, за да ја засили безбедноста на руските војници.

Шојгу изразил уверување дека дејствата коишто ги презема Русија „ќе го изладат вжештените глави“ и ќе спрчат „необмислени постапки“. „Во спротивно, ќе бидеме принудени да реагираме во согласност со моменталната ситуација“, предупредил рускиот министер за одбрана.

Истовремено од Кремљ истакнаа дека испораката на С-300 за Сирија не е насочена против трети земји, туку е поврзана со желбата да се заштитат руските војници распоредени во оваа земја.

Рускиот извидувачки и разузнавачки авион „Ил-20“ беше соборен на 17-ти септември кога добил наредба да се врати во руската воздухопловна база во сириски Хмејмим. Москва ја обвини израелската армија дека намерно многу доцна дала погрешна информација за нападот врз нивните борбени авион во покраината Латакија според договорот за избегнување на воздушните инциденти, како и дека израелските ловци „F-16“ по нападот се сокриле зад габаритниот „Ил-20“ со што била залажана сириската противвоздушна одбрана чиј проектил го соборил рускиот авион и притоа загинаа 15 руски војници.