Русија ќе ја намали економската зависност од САД, доколку Вашингтон воведе санкции против Москва

Русија ќе ја „сведе на нула“ економска зависност од САД, доколку Вашингтон воведе санкции против Москва поради ситуацијата во Украина, изјавил советник на рускиот претседател, пренесува од „АФП“.

„Ќе најдеме начин не само да ја намалиме својата финансиска зависност од САД, туку и да извлечеме огромна корист од санкциите“, изјавил Сергеј Глазиев.

„Обидите да се наметнат санкции против Русија ќе доведат до крах на американскиот финансиски систем и до прекин на американското доминирање над светскиот финансиски систем“, додаде претседателскиот советник.