ЕУ ги задржа санкциите за Русија

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ги задржа санкциите против руската делегација, донесени во јануари, како одговор на ситуацијата во Украина, притоа ПССЕ одлучи да не оди подалеку и во овој момент, да не и ги поништо овластувањата на делегацијата“, за да ги изрази своите заложби за отворен и конструктивен дијалог”, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Повикани да усвојат резолуција врз основа на извештај од страна на Стефан Шенах (Австрија, од групата на социјалистите), Собранието изрази жалење поради „очигледниот недостиг на напредок“ во барањата направени во јануари од страна на ПССЕ, но посочи дека остануваат убедени за важноста на „отворен дијалог со добра волја помеѓу Собранието и руската делегација“ за да се најде решение за конфликтот во источниот дел на Украина и на нелегалната анексија на Крим.

Пратениците ја поканија руската делегација – која не учествува во работата на ПССЕ од почетокот на санкциите – да го преиспита своето одбивање да соработува со Собранието и да воспостави дијалог.

Собранието уште еднаш ги повика руските власти, особено да ги повлече своите војници од територијата на Украина, за целосно спроведување на договорите од Минск, да се откаже од нелегалната анексија на Крим, и да ја ослободи Надја Савченко и другите затвореници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.