Русија лидер во испораката на нафта и гас и во следните 20 години

Експертите на британската компанија „ВР“ оценуваат дека Русија во текот на следните 20 години ќе ја сочува позицијата на светски лидер во испораката на нафта и гас.

Така до 2035-та година експлоатацијата на нафта ќе се зголеми до 548 милиони тони годишно од сегашните 523, а гасот од 672 на 807 милијарди кубици годишно.

Во годишниот извештај „Светската енергетска перспектива“ се наведува дека експлоатацијата на нафта во Русија ќе се зголеми. Традиционалните руски резерви на гас ќе бидат доволни и за следниот век.

За дваесет години Русија нема да остане само најголем извозник на енергенсот во светот, туку ќе продолжи да го зголемува темпото.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.