Русија не се стреми да го врати Јанукович на власт, но го смета за легитимен претседател на Украина

Русија се сомнева во тоа дека Виктор Јанукович ќе може да се вратат на власт, но и покрај тоа го смета за легитимен претседател на Украина, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите Нации, Виталиј Чуркин, пренесе „Интерфакс“.

„Наша задача не е да го вратиме Јанукович на власт, ние разбираме дека тој веќе не може да се врати на власт и нема да управува со државата, но и покрај тоа сметаме дека во моментов тој е легитимен претседател на Украина“, рекол Чуркин на седницата во Советот за безбедност на ОН за Украина.