Русија сака да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2021 година

Рускиот фудбалски сојуз поднесе барање да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021 во Санкт Петербург, соопшти генералниот директор на РФС, Александар Алаев.

Одлуката за местото на одржување на овој натпревар ќе се земе на заседание на Извршниот комитет на УЕФА во мај или јуни оваа година.

По успешното Светско првенство во 2018 година, Русија сака да организира уште еден престижен натпревар.