Русија сака да учествува во решавање на кризата во Украина

Русија сака да учествува во решавањето на украинската криза, изјави министерот за наворешни работи на Швајцарија, Дидие Буркхалтер, по средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.

– Разговорот за поддршка на мировниот план во целост беше позитивен, а по примирјето, целта е целосен прекин на судирите, изјави Буркхалтер по разговорот со Путин.

Според него во украинската криза не е се црно и бело и постојат некои страни што не сакаат примирје. Тој истакна дека постојат многу тензии и актери, како и дека главните актери, вклучително Русија може да бидат дел од решението.