Русија ќе се воздржи од наметнување на санкции против САД и од воведувањето на визен режим со Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Интерфакс“.
„Што се однесува до американските санкции и воведување на визен режим од Украина, мислам дека треба да се воздржиме од одмазднички мерки, барем засега. Ова најмногу важи за визниот режим со Украина, затоа што ако го воведеме, ќе настрадаат милионите невини Украинци кои работат во Русија, за да им помагаат на своите семејства. Не треба да го правиме тоа“, рече уште Путин.