Русија тестира ракетен систем со вештачка интелигенција

Новите системи со вештачка интелигенција, кои ќе можат да уништуваат мети со намалено учество на пилоти, во моментов се тестираат на руските напаѓачки хеликоптери „Ми-28Н“, тврди неименуван извор.

„Во моментот, се прават проби на системот со вештачка интелигенција, односно на новиот систем за набљудување ткн оператор за електронско оружје. Самиот систем ги анализира целите на теренот, проценува дали тие се непријателски, а по изборот на соодветното оружје, сам дејствува,“ открива изворот.

Според него, пилотите треба само да изберат мета меѓу понудените, а системот прави сè друго. Пилотите, исто така, ќе имаат можност во кој било момент да ја преземат контролата и сами да донесат одлука.